Секој месец во Србија исчезнуваат по дваесет новороденчиња. Вкупниот број на украдени бебиња досега изнесува околу 10.000, пренесуваат тамошните медиуми.
До моментов 6.000 родители се обратиле до судот во Стразбур за откривање на вистината за судбината на нивните деца. Од таму сепак добиваат само право на надомест, нешто што тие категорично одбиваат да го прифатат за фер решение. Тие велат дека си ги сакаат своите бебиња назад, а не паричен надоместок.
Локалните медиуми велат дека во земјата има криминална организација, во која се вмешани и доктори. Откако ќе го киднапираат бебето тие го продаваат во земјата за цена од 15.000 до 45.000 евра. Има случаи кога новороденчињата се продаваат и на секти, каде бебињата имаат фатален крај.
По последните настани од Министерството за здравство во Белград објавија дека се зголемија контролата во болниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


