| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците поголеми мераклии на кафеани од Србите

kebapi romanija

Македонците годишно во кафеани трошат по околу 50 евра по член на семејство, или вкупно околу сто милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2012 година во ресторани и хотели Македонците потрошиле по 192 евра по домаќинство или по околу 51 евро по член на домаќинство, во просек.

Интересен е фактот дека оваа бројка опаѓа. На пример, во 2009 година,  сме трошеле за 30 отсто повеќе, односно член на домаќинство трошел по 74 евра годишно во просек.

Иако оваа бројка опаѓа, сепак сме поголеми мераклии на кафеани од Србите. Последните статистики велат дека Србите многу малку пари фрлаат во кафеани и ресторани,пијат само кафе и сок. Фамилијарно ретко посетуваат угостителски објекти, а некои тоа го прават само еднаш или двапати годишно.

Според натписот во Дневни аваз во Србија по жител се троши во ресторани и хотели по 35 евра или вкупно 265 милиони евра годишно. Економистот Мирослав Здравковиќ вели дека годинава Србите за кафеански сметки платиле по 22 милиони евра месечно.

Според последните достапни информации од 2011 година Хрватите годишно за ресторани и хотели трошат 375 милиони евра или 87,4 евра по жител. Словенците трошат 577 милиони евра или 281 евро по жител. Од Босна и Херцеговина граѓаните просечно прават сметка од 27,2 евра, за разлика од нив Црногорците имаат подлабок џеб и издвојуваат 45,9 евра за ресторани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top