Полскиот фудбалски магазин „Пилка нозна“ објави дека напаѓачот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски на 2. јануари ќе потпише за тимот на Баерн Минхен.
Роберт Левандовски сакаше уште ова лето да премине во Баерн, но бидејќи понудата од Минхен не стигнала на време, 25-годишниот Полјак остана уште една сезона во тимот на милионерите.
Според правилата Баварците веќе во јануари можат да преговараат и да потпишат договор со Левандовски, со оглед дека сите детали за соработка се веќе договорени не би требало да се одолговлекува за потписот, па така вториот ден во новата година Баерн би имале нов играч.
Претходно Баерн Минхен го донесоа за 37 милиони Марио Гетце исто така од конкурентот за титулата, Борусија Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


