| четврток, 6 декември 2018 |

Како родителите ни го уништија љубовниот живот

Колку и како деца да сте викале дека никогаш, ама никогаш нема да бидете како вашите родители, и без да сакате, нивното влијание ве оформило. Не само вас, туку и целото однесување во и надвор од спалната соба. 1. Кој е главен? Порталот за жени „Womеn’s Health“ истакнува дека во врската скоро секогаш еден е тој што „ги носи пантолоните“. Ако тоа бил вашиот татко, многу е веројатно дека и вас ќе ве привлекуваат такви, карактерно јаки мажи. А, ако завршите со потполно различен маж, големи се шансите да започнете да го „челичите“.

2. Зависат ли вашите родители од вас?
Ако досега вие сте биле таа што ги решавала кавгите и проблемите помеѓу вашите родители, многу е веројатно дека таква улога ќе играте и подоцна во вашиот живот, и тоа не само за вашите родители, се разбира. Следствено, вие ќе привлекувате мажи кои ќе веруваат дека им е потребна вашата помош за да бидат среќни.
3. Проблеми со интимноста?
Некои родители се одлучуваат за „роботски стил“ на одгледување на децата, без претерано тепање, но ни без допири, прегратки и слично. Баш тие деца и самите многу често имаат проблеми со интимноста, што најмногу се одразува во спалната соба.
4. Претерано строги родители
Ако вашите родители биле престроги, веројатно такви ќе бидете и вие. Ако вашата мајка била таа која постојано му префрлала на твојот татко, а вашиот однос со него не бил баш сјаен, голема е веројатноста дека таквото однесување ќе ви биде нормално. Доколку пак, сте биле блиски со вашиот татко, од сочувство нема да бидете такви спрема вашето момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top