| четврток, 6 декември 2018 |

Аделина доби понуда за брак (ФОТО)

Атрактивната русокоса пејачка не престанува да провоцира со провокативни фотографии по социјалните мрежи. Аделина Тахири која летото го помина на плажите во Грција сега ужива во Дубаи, каде неодамна се впушти и во адреналинска авантура.

На една од најновите фотосесии на „Фејсбук“, пејачката, испружена на песочната плажа повтоно го покажа заводливото тело. Како коментар, пак, доби фотографија која вреди илјада зброви или во случајов четири важни зборови – Омажи се за мене.

Можеби предлогот на ова храбро момче Аделина ќе го сфати како шега, но дека „македонската Бијонсе“ крши машки срца уште по првото нејзино појавување во медиумите, воопшто и не е шега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top