| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам: Сакам моите синови да возат на Формула 1

Славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, изјави дека иднината на своите синови Бруклин Џозеф, Ромео Џејмс и Круз Дејвид ја гледа во светот на Формула 1.

– Ако сакаат да возат во Формула 1, тоа многу би ме радувало. Момците сакаат коли и секогаш ме гледаат како возам убави автомобили- вели Бекам.

Во неделата Бекам ја следеше трката во Сингапупр, но без своите синови, бидејќи како што вели Бекам морале да одат во школо.

Големата награда на Сингапур му беше втора трка што ја гледа Бекам, претходно беше спречен поради фудбалските натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top