Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија вечерва ја почнуваат новата сезона на францускиот киноклуб. Вечерва во Кинотеката во 20 часот на присутните по повот отворањето на сезоната ќе им се обрати француската актерка и внука на славниот Жерар Депардје, Делфин Депардје.
Веднаш по обраќањето на Делфин Депардје, која престојува во Македонија по повод снимањето на нејзинот нов филм „Враќање“, ќе следува премиерата на филмот „Љубени“ на режисерот Кристоф Оноре, со Катрин Денев и Кјара Мастројани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.