| четврток, 6 декември 2018 |

МЛО: Преполовена е злоупотребата на детскиот труд

Околу 11 илјади деца работат во нелегалните рудници за злато во Нигерија и Буркина Фасо

Околу 11 илјади деца работат во нелегалните рудници за злато во Нигерија и Буркина Фасо

Бројот на децата кои работат во светски рамки е намален за една третина од 2000 година до сега, сопштува Меѓународната организација на трудот (МЛО). Според извештајот, од 246 милиони на почетокот на минатата деценија, бројот на вработени деца сега се намали на 168 милиони, а најголем пад е забележан меѓу 2008 и 2012 година. Бројот на вработени девојчиња се намалил за 40 проценти, а на момчиња за 25 отсто.

Речиси половината од вработените деца, 85 милиони, се занимаваат со активности што се опасни за здравјето, безбедноста и нивниот морален развој, се забележува во долументот. Детскиот труд најмногу се искористува во земјоделството, услужниот сектор и индустријата.

Најголем број на деца-работници, околу 78 милиони, има во Азиско-оацифичкиот регион, додека Потсахарска Африка со околу 59 милиони, е регионот со најголем процент на вработени деца – над 21 отсто.  На Блискиот Исток и Северна Африка има 9,2 милиони деца кои работат, а во Јужна Америка и Карибите 12 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top