| четврток, 6 декември 2018 |

Кучиња предизвикале две сообраќајки на патот Скопје-Тетово

kuce avtopat

Две сообраќајни незгоди предизвикани од кучиња скитници се случиле вчера на автопатот Тетово – Скопје.

Првата сообраќајка се случила околу 14 часот кога патничко возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици што го управувал 28-годишниот С.Јод Скопје удрило во куче-скитник, при што причинета е материјална штета од околу 20 илјади денари, а за среќа нема повредени.

Во вториот случај околу 21 часот на овој автопат во непосредна близина на клучката за Камењане, патничко возило „Мерцедес“ со албански регистерски ознаки, управувано од 47-годишниот албански државјанин А.О, исто така удрило и усмртило куче-скитник.Причинетата материјална штета се проценува на околу 10 илјади денари.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top