Тројца непознати насилници вчера нападнале и претепале петнаесетгодишен малолетник во Куманово
Според полицијата, настанот во полиција го пријавила мајката на повредениот Н.С. вчера околу 18,30 часот попладнето. Таа пред полицијата изјавила дека нејзиниот син бил нападнат пред гимназијата Наим Фрашери. Насилниците без повод и причина му се нафрлиле на момчето удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото. Од ударите тој се здобил со видливи повреди.
Полицијата работи на случајот и трага по напаѓачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.