Бразилскиот фудбалер Нејмар во првите натпревари ги запозна добро шпанските одбранбени играчи.
Фудбалерот кој ова лето од Сантош дојде во редовите на Барселона за 57 милиони долари, 23 пати бил сопрен со прекршок, со што е убедливо најфаулиран фудбалер. Меси бил сопрен седум пати, а исто толку прекршоци се направени над Педро и Иниеста.
Нејмар во грубите стартови на противничките играчи не гледа голем проблем.
-Така ме сопираа и кога играв за Сантош. Што да прават тоа им е единствениот начин да ме сопрат- рече Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.