| четврток, 6 декември 2018 |

Прирачник од 1937 година – како да станете богат во шест чекори

Пред 76 години, писателот Наполеон Хил интервјуирал повеќе од 500 „најуспешни луѓе кои негогаш живееле во САД“ за да дојде до формулата за успешно богатење и стекнување имот.

Своите увиди ги испишал на 200 страници во книгата „Мисли и расти богато“ која со текот на годините стана една од најпродваните книги на сите времиња.

Во неа тој кратко, прецизно и јасно ги објаснува шестте чекори за стекнување на пари.

1. Во својот ум постави си парична цел која сакаш да ја оствариш. Не е доволно да се рече „сакам многу пари“. Биди конкретен во замислената сума.

2. Точно одреди што си подготвен да дадеш за возврат за парите кои ги сакаш. Не постои „ништо за нешто“.

3. Одреди го точниот датум до кој сакаш да ги собереш тие пари.

4. Направи цврст план како ќе ја спроведеш својата идеја во дело и веднаш почни со негово остварување, без разлика дали си подготвен или не.

5. Напиши на хартија во едноставни, куси реченици колку пари сакаш да стекнеш, во кој временски рок, што си подготвен да жртвуваш за возврат на тој план, и како ќе го оствариш планот.

6. Прочитај ги тие реченици наглас два пати дневно, еднаш непосредно пред спиење и еднаш пред станување од креветот наутро. ДОДЕКА ЧИТАШ, ВЕРУВАЈ, ЧУВСТВУВАЈ И ВЕРУВАЈ КАКО ВЕЌЕ ГИ ПОСЕДУВАШ ТИЕ ПАРИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top