| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопските прикаски“ на едно место

mojso-mojsovski

Деновиве од печат излезе книгата „Да не ја утнам темата- втор пат“ од тазе пензионираниот  новинар на Македонското Радио Мојсо Мојсовски.Книгата ги содржи колумните што излегуваат во секој број на „Република“ скоро една година.Тоа се кратки,скоро минијатурни приказни од минатото на Скопје,за неговите сограѓани-знајни и незнајни,за зданијата што веќе не постојат,за настаните што бледеат и на кои едвам се сеќаваат и врсниците  што веќе заминуваат во пензија.Авторот ги отсликува со сочен скопски шмек,шмек на блага шега,но и на скриена тага по се што некогаш било,а што треба да им остане како завет на идните генерации скопјани.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во Клубот на новинарите во недела на 29-септември во 11 часот.Промотори ќе бидат довчерашните колеги на Мојсо Мојсовски,Марко Илкоски и Горан Петрески,а рецензиите на овие стотина страници полни со емоции и сеќавања ги напишаа Владо Димовски и Братислав Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top