| четврток, 6 декември 2018 |

Нови мапи: Британија ги нападнала речиси сите држави во светот; Стојановски најчесто презиме во Македонија

Еве нова колекција мапи со кои можете полесно да го сфатите светот. Овие се уште пошокатни, како мапата на држави врз кои Велика Британија извршила инвазија во својата историја, а тоа се речиси сите држави светот или мапата од која се гледа дека само САД не плаќаат трудничко боледување!

britanska invazija

На оваа мапа со розево се обележани држави врз кои Велика Британија извршила воена инвазија од своето основање до денес. Како што се гледа само десетина држави во светот не ги почуствувале британските топови. Еве како се гради империја.

 

trudnicko boleduvanje

Мислите дека трудничкото боледување трае кратко во Македонија. Видете ги САД. Такво нешто нема во нивниот речник. Дури и Африка стои подобро од нив по ова прашање.

 

preziminja

Стојановски е најчесто презиме во Македонија. Ако секој 35. Македонец се вика Александар, значи го добиваме модерниот Македонец, како Александар Стојановски.

 

metricki sistem

Пак Американците. Само тие не користат метрички систем. Овде ја нема Британија, грешка на авторот, но другото е точно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top