Да расчистиме една работа – снежно бели заби како на холивудските ѕвезди не се постигнуваат дома. За такви заби ќе мора да одите на посебни третмани кај забар. Ние ви препорачуваме пет третмани што ќе ви ги осветлат забите, а можете да ги изведете дома и евтино.
1. Секој ден по едно јаболко
Јаболката содржат киселини кои на природен начин ги отстрануваат темните дамки од забите. Затоа грицките заменете ги со јаболко.
2. Испирање со јаболков оцет
Исто како и јаболката, јаболковиот оцет ги отстранува темните дамки. Можете да го користите на неколку дена наместо средство за испирање.
3. Пијте со сламка
Кафето, чаевите и соковите оставаат дамки на забите, а ако сакате да го промените тоа, пијте ги со сламка.
4. Повеќе бакнување
Сигурно не сте знаеле дека луѓето кои повеќе се бакнуваат имаат посветли заби. Во текот на бакнувањето се создава дополнително количество плунка, а таа природно ги избелува забите.
5. Бело млеко – бели заби
Млечните производи, млекото, сирењето, јогуртот, се богати со калциум, а тој е неопходен за здрави и бели заби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.