| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага го покани Николиќ во посета на Косово

nikolic jahjaga

Шефот на Кабинетот на косовскиот претседател Атифете Јахјага, Арбер Влахиу верува дека еден од нејзините следни средби со шефот на српската држава Томислав Николиќ ќе се одржи токму во Косово, кое е домаќин на следната средба на претседателите на државите од регионот.

– Јахјага, како домаќин на овој шести по ред самит што ќе се одржи следната година, упати покана за учество и до Николиќ, изјави Влахиу за денешниот број на српскиот весник „Данас“.

По првата дирекна средба во февруари годинава во Брисел, Јахјага и Николиќ досега се сретнаа во неколку наврати на разни регионални или меѓународни самити и форуми, но доколку српскиот претседател допатува во Косово, тоа би била прва нивна средба на територија на една од двете држави.

Осврнувајќи се на Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина, постигнат со псредство на ЕУ, Влахиу нагласи дека тој ќе има смисол само доколку биде прецизно спроведен, додавајќи дека Косово досега покажало подготвеност и волја за негова импементација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top