Според пакистанските власти во вчерашната експлозија пред христијанска црква во Пешавар загинале над 80 луѓе, додека над 135 други биле ранети. Христијанските верници се собраа на протести за да побараат заштита од ваквите напади. Нападот го извршиле двајца самоубијци кои го активирале експлозивот пред црквата „Свети Јован“ кога во неа имало над шестотини верници. Во Пакистан 4 проценти од населението се христијани и тие често пати се цел на исламски милитанти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


