| четврток, 6 декември 2018 |

Чарли Шин заврши средно училиште

Актерот Чарли Шин конечно доби диплома за средно образование.

Во 1983 година тој за само неколку поени ен успеал да го заврши средното училиште во Санта Моника. Потоа тој решил да започне кариера во Холивуд, но признава дека отсекогаш сакал да го заврши своето образование, и покрај тоа што поминаа 30 години.

– Овој недостаток секогаш ме загрижуваше. Цел живот имам навика, никогаш да не завршувам работите, изјави Шин за сајтот TMZ.com.

– Идејата на моите родителите беше да одам на летно училиште. Јас одговорив – Зар има училиште во текот на летото? Не можев да замислам нешто полошо. Им реков да ми дозволат да се јавам на неколку аудиции и ако не добијам работа, ќе се запишам и ќе одам на колеџ. Но, добив работа, се сеќава актерот.

48-годишниот Шин признава дека дипломата му е едно од достигнувањата, со кои најмногу се гордее.

– Можеби треба да ја ставам некаде на видно место, на пример во кујната, вели актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top