Есента и официјално започнува вечерва, точно во 22 часот и 44 минути, кога за жителите на јужната земјина полутопка почнува пролет. Ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.
На северната хемисфера денес е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво (еквиноциумски ден). Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, утрешниот ден ќе трае за околу 10 минути подолго од ноќта, па вистинска рамноденица ќе биде на 24-25 септември.
Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри.
Во Скопје Сонцето ќе изгрее во шест часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со дневна температура од 18 до 24 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


