| четврток, 6 декември 2018 |

Се враќа идејата за Југославија на Балканот

Западнобалканската шесторка ја враќа идејата за Југославија на Балканот, јави „Сител“. Македонија, Србија. Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово во сојуз сличен на поранешната држава. Заеднички Парламент, заедничка балканска полиција, пазар на труд, образование и здравствена заштита.

Приказната за новиот балкански сојуз официјално почна во јуни, кога Министерството за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора достави до Босна и Херцеговина предлог за нов концепт за регионална соработка на земјите од Западен Балкан, кој е наречен Западнобалканска шесторка. Иницијативата е резултат на договорот меѓу министрите за надворешни работи на државите во регионот со високиот комесар на ЕУ за проширување Штефан Филе и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ. Балканските медиуми пушваат дека Западот цврсто стои зад оваа иницијатива за здружување на земјите од регионот бидејќи на тој начин ќе се истисне Русија која му се заканува целосно да го превземе пазарот се енергенси во овој дел од Европа. Но бизнис интересите не се единствените на кои Западот смета од здружувањето на западноблаканските земји. Аналитичарите коментираат дека со ставањето на Србија, Косово и Албанија во еден сојуз ќе се намалат етничките тензии и ќе се гарантира стабилност во регионот. Според нив, се очекува секоја од земјите да види и лична корист од здружувањето во нова заедничка федерација.

Тие коментираат дека користа за Македонија ќе биде тоа што ќе се заштити од забрзаниот раст на бројноста на албанското малцинство во земјата кое се заканува за триесетина години да биде доминантно во етничкиот состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top