Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја денеска го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Трескавец. Откако е изграден патот голем е бројот на посетителите на Трескавец.
– Ќе се трудиме како општина да направиме се за да му го вратиме сјајот на манастирот, изјави Никола Димески, претседател на советот на општина Прилеп.
Инаку, денеска манастирот го посетија гости од Кавадарци, група од планинарско друштво, 11 члена група од Холандија кои првпат се во посета, а за манастирот прочитале на светски мапи.
Вчера и денеска во манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“ се одржани три крштевки, први откако изгореа конаците. И министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го крсти своето дете денеска во манастирската црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево