Жосе Мурињо и Реал Мадрид ќе се разделат летово, тврди новинарот на „Ил Жорнале“, Тони Дамаскели кој е близок пријател со тренерот на „кралевите“.
-Бевме заедно во Дубаи и искрено разговаравме. Ми рече дека сигурно си заминува од Мадрид на крајот од сезоната. Жосе вели дека интересот на клубот е тој да си замине и дека не смее да остане на кормилото на Реал – изјави Дамаскели.
Ако е точно тврдењето на новинарот, тоа значи триумф на Икер Касилјас и Серхио Рамос кои се во кавга со тренерот и поставија ултиматум „или Мурињо или ние“. Претеседателот на Реал, Флорентино Перес се обиде да ги смири страстите, но се поизвесно е дека јазот меѓу двете страни е преголем.
Вечерва Реал е домаќин на Барселона во ново 222 „Ел Класико“ на шпанскиот фудбал, во рамките на полуфиналето на националниот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст