| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Паралелниот живот во Македонија треба да се прекине со нов договор

Menduh-Taci-1

 

Се бориме со демократски и со политички методи, никако со други и така ќе се борам додека ќе бидам на оваа позиција, додека сум жив. Мислам дека другиот начин на правење на политика може да биде фатален, не за Македонците, за Албанците, вели претседателот на ДПА Мендух Тачи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Тачи, нема, нема, па ќе излезете со некоја звучна изјава во јавноста, од типот војната меѓу Македонците и Албанците не е завршена. Делува како да немате идеи со што да привлечете внимание во јавноста или, пак, имате навистина некаква аргументација на овој став? 

Просто се гадам кога други луѓе ги толкуваат моите изјави, има еден познат медиум што ги превртува моите изјави, ве молам земете го и читајте го интервјуто, контекстот е борбата, не војната, чиста војна и веднаш следната реченица е дека таа станува поинаква после 2001, андерграунд се бориме за други позиции, натпревар за други позиции, економски интереси, индустриски, територијални итн. Ако сакате пофигуративно да ви кажам, политиката на владата на Македонија се гледа каде се инвестира, каде не се инвестира, тоа е борба, продолжување на борбата. Ако продолжуваме вака како народи паралелно да се натпреваруваме, андерграунд, бидете сигурни дека таа паралела некогаш ќе излезе на виделина и постои можност тие паралели да се судрат. Паралелниот живот никогаш не е добар живот и за Македонија мислам дека оваа паралелно натпреварување меѓу овие два народи треба да се прекине со можен нов политички договор, вели Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top