| четврток, 6 декември 2018 |

Започнуваат протести поради звучниците на џамиите

Не се само џамиите кои во раните утра ги будат граѓаните, туку и црковните камбани. Проблематиката се толкува на разни начини и не ретко предизвикува верска омраза

dzamija zvucki

Една невладина организација од Скопје, малку позната на македонската јавност се подготвува да покрене иницијатива за повлекување на звучниците од џамиите, преку кои оџите ги повикуваат муслиманите на молитва.

Мустафа Саит, претседател на невладината „Илоја“ ги потврди своите планови за ова. Роден како муслиман, но тој и другите во организацијата се доживуваат како космополити.

Шокатно? Само за неупатените. Ниту во Куранот ниту во било која исламска книга не пишува дека оџата во 4 часот наутро треба слатко да си спие, додека стерео системот во минарето, автоматски во вклучува це-дето на кој има снимка од повикот за молитва. Потоа се знае, над 200 децибели ечат низ околината и повикот мора да го слушаат (и да ги буди) и оние кои не се муслимани.

Иако скоро секоја џамија има вакви звучници, верувале или не, на ова се спортиставува и Исламската верска заедница, без притоа да даде одговор зошто толерира на вакво однесување на оџите. Еве го нивниот интегрален одговор до „Република“ на оваа тема:

 

-Според Исламските прописи и норми муезинот (личноста што го учи езанот) треба да повикува за молитва и тоа да го прави природно значи со својот глас. Исламот секогаш бара од верниците да го викаат езанот кој служи како потсетување за верниците дека е време за молитва. Пеењето од минарињата на џамиите е многу важен елемент од верскиот живот, во денешно време не може да се замисли верскиот обред без езан. Денес во модерниот свет човекот е многу по ангажиран, светот станува брз, предизвиците се многубројни, притисоците што ги почувствува човекот во 21 век се неброени и токму заради тоа се повикува езан за да не се губат верниците во ангажманите на актуелноста, и  да ги вршат секојдневните молитви кои се задолжителни за реализирање. Според исламските закони доколку има џамија и верници, не се дозволува да се повикуваат верниците во џамии преку емитувани снимки, туку мора лично со глас и природно тоа да се прави. Верниците муслимани се свесни и имаат длабоко верување дека повикот од минарињата е задолжителен и не прифаќаат тоа де се реализира со снимка. ИВЗ, односно во нашата администрација никогаш не сме добиле реакции од верниците дека им сметаа повикот од минарињата, но напротив од нивна страна имаме неограничени барања да се градат повеќе џамии за да му се молат на Аллах и до го развијат верскиот живот и култура според верските обичаи – вели портпаролот на ИВЗ, Абаз Исљами.

За тоа какви проблеми предизвикува големата гласност на верските објекти во земјава и во светот, за терориите на заговор во врска со ова како и за меѓурелигиските тензии, читајте во последниот број на неделникот „Република“, кој е веќе во продажба ширум земајава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top