| четврток, 6 декември 2018 |

Денес околу 2.500 граѓани на четвртиот „Појадок на мост“

pojadok6

Околу 2.500 граѓани денеска ќе бидет дел од четвртиот „Појадок на мост“. Манифестацијата првпат ќе се одржи на два моста – на Камениот и на мостот Око од 9 до 11 часот. Влезот ќе биде од страна на плоштадот „Македонија“.

Организатори се Град Скопје и Средното угостителско училиште „Лазар Танев“. Граѓаните мора со себе да го понесат и претходно обезбедениот бесплатен билет.

На двата моста ќе бидат поставени маси и столчиња. Манифестацијата ќе ја помогнат голем број донатори – ресторани, пекари, маркети, производители и увозници на храна и пијалаци. Појадокот ќе се состои од сувомесни и млечни производи спакувано по ХАЦЦП стандардите. Оброкот ќе биде безбеден и прилагоден на условите каде што ќе се послужува.

Присутните гости ќе ги забавуваат улични музичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top