Во недостиг на клучни идеи за излез од кризата, државните администрации станаа се поинвентивни во распродажбата на државниот имот. Така Финска на брзина го приватизираше Дедо Мраз.
Од минатата година Дедо Мраз е вработен кај приватник. Така одлучи финската влада, решена да не ја дочека судбината на некои други европски држави кои се гушат во јавен долг.
Иако Финска се уште нема никакви проблеми, со оглед на тоа што државниот долг изнесува околу 125 милјарди долари или 49,3 % од БДП, сепак Владата одлучи да почне со продажбата на државниот имот, кој создава губитоци.
Финците веројатно не очекуваа дека меѓу губитниците ќе се најде и Дедо Мраз, а уште помалку дека тој ќе биде прва жртва на новата, проактивна политика.
Сепак, на удар веднаш се најде државниот удел од 32 % во “Парк – куќата на Дедо Мраз”, сместена во “Санта паркот” во Лапонија. Инвеститорите исто така откупија дел од акциите во градот Рованиеми, како и уделот во туристичакта агенција “Лапин Маткаилу” со што станаа сопственици на 56 % од уделот во таа, до неодамна државна фирма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите се загрижени дека ќе мораат да ја прекинат магијата за нивните деца: Треба ли да се лаже за постоењето на Дедо Мраз?
-
Дeдо Мраз пристигна со борбен авион во грчкиот град Лариса
-
Дедо Мраз дојде и кај нас: Сашко Коцев и Гораст Цветковски делеа подароци за децата (фото)
-
Дедо Мраз им донесе пакетчиња на децата на војниците на АРМ