„Признавањето на поранешните републики од Германија и некои други држави може да предизвика војна во БиХ и да охрабри поделба на земјата меѓу Хрватска и Србија“, стои во документите на американската агенција ЦИА од 19 декември 1991 година, околу проценките за иднината на Југославија. Циа објави околу 300 документи кои до сега беа класифицирани како тајни. Во нив се гледа американската неодлучна позиција дали да е признае словенечката независност, потоа и хрватската.
Во однос на БиХ, како сценарио со најмалку насилство, ЦИА анализирала дека власта во Сараево треба да ја преземат умерени сили кои низ преговори ќе ја поделат државата и делови би приклучиле кон Србија и Хрватска, додека муслиманите би можеле или да основаат исламска држава, или да се приклучат кон Хрватска, објавува босанскиот „Независен весник“.
„Перспективата за БиХ е прилично тмурна дури и Србија и Хрватска да се договорат. разузнувачки податоци покажуваат дека Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман подготвени за приклучување на делови од БиХ на нивните територии. Уште повеќе, извештаите покажуваат дека тие двајца се во постојан контакт и покрај конфликтите. Летото Туѓман на германските политичари им рекол дека БиХ е апсолутно преголема и дека тој е подготвен за поделба“, пишува во документите на ЦИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Делегација на Советот на министри на БиХ утре во посета на Македонија
-
Колку колачи изеле мама и тато – Одговорот на овој ученик од Босна го насмеа Балканот (фото)


