Генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски регираше на изјавите напоранешниот министер за надворешни работи на Република Албанија, Алдо Бумчи којреагираше на изјавата на премиерот Рама при неговата средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, оценувајќи ја како опасна и штетна за добрососедството.
Во реакција стои:
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, со реакција го искажува своето незадоволство кон некоректниот став на поранешниот министер за надворешни работи на Република Албанија во врска со мошне коректната изјава на Премиерот на Република Албанија, Еди Рама која се однесува на грижата за правата на малцинствата во Република Албанија.
Почитуван Г-дине Бумчи,
Како поранешен министер за надворешни работи на Република Албанија се чини дека не ја научивте лекцијата за европско однесување кога се во прашање примената на меѓународните конвенции.
Ве потсетуваме дека Албанија не може да се стане полноправен член на големата европска заедница со идеи својствени на 19 век.
Доколку се точни наводите во вашата изјава, тогаш бараме од Вас, како искусен политичар, да и објасните на албанската јавност, зошто ЕУ, уште кога во 2010 година на Албанија му постави услов исполнување на 12-те препораки за добивање на кандидатскиот статус, инсистира на исполнување на 11-та препорака што е поврзана со доследна примена на меѓународните стандарти за почитување на човековите права и правата на малцинствата.
Ве потсетуваме дека ова препорака ви беше доставена Вам, во време на Вашата Влада.
Г-дин Бумчи
Правата на малцинствата се универзални и не зависат од бројот на населението на малцинствата.
Еден од главните условите на предизборниот договор помеѓу партијата Македонска алијанса за европска интеграција и Демократската партија, беше обврската на Демократската партија дека дека ќе ги подобреше правата на македонската заедница во Албанија.
Г-динот Еди Рама, како нов премиер има доблест да се фати во костец со решавање на сите вакви и слични проблеми бидејќи има визија за тоа како треба да се развива нашата држава.
Ние сме лојални државјани на Република Албанија со целосно почитување на Уставот и законите на државата и во ова пригода сакаме да знаете дека Г-динот Рама ја има нашата целосна подршка не само за ова туку и за сите негови напори што ќе ја носат земјата напрет во големато европско семејство.
Г-дине Бумчи, време е да ја научите лекцијата дека народот е тој што ја дава и зема власта.
Ние како претставници на македонската заедница во Албанија поддржуваме потпишувањето на меѓусебен договор меѓу Република Албанија и Република Македонија за заемна заштита на македонската заедница во Албанија и на албанската заедница во Македонија.
Хармонизацијата на стандардите на третманот на македонската заедница во Албанија и албанската заедница во Македонија треба да е придружувач на заеднички иницијативи и соработка на двете земји во секое поле, особено во областа на образование на јазикот на малцинствата, застапеноста во јавниот живот, употребата на јазикот и писмото или и на топонимите, економски развој на областите каде живеат, малцинствата итн.
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција го повикува Г-дин Еди Рама, албанската влада, Парламентот и други страни креатори и надлежни во областа на малцинствата да направат реалност, политики во корист на малцинствата, што ќе овозможи целосна имплементација на 11-та препорака на Европската унија и ќе гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Албанија.- изјави Васил Стерјовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


