Во буџетот за следната година предвидена е досега најголема сума за капитални инвестиции која ќе предизвика раздвижување на градежниот сектор, оцени премиерот Никола Груевски. Секоја година постојано ги зголемуваме парите во буџетот кои се наменети за капиталните инвестиции, бидејќи тоа се средствата кои помагаат на развојот на економијата и за отворање на нови работни места, додаде Груевски, нагласуваји дека за 2014 година ќе бидат за речиси 20 отсто поголеми од годинава.
– Ќе се инвестираат околу 22 милијарди денари од кои најголем дел за патишта и железница, но и за други проекти. Се е добро испланирано и за секој проект се знае кога ќе започне, кога ќе заврши и колку пари ќе се инвестираат во него, рече Груевски.
Капиталните инвестиции, како што посочи, ќе влијаат на раздвижување на градежниот сектор кој, пак, ќе влијае позитивно на 26 други индустриски гранки.
– Се заедно ќе влијае на нашата крајна цел – отворање на нови работни места, решавање на проблемите на граѓаните и создавање услови за поквалитетен живот, додаде Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Буџетот за 2019 година на владина седница, денеска последен законски рок да стигне во Собранието
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Заврши денешната расправа за ребалансот на Буџетот


