
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува сите јавни набавки во Општина Струмица. Претседателот на антикорупциската комисија, Ѓорги Сламков, во интервјуто за Прес24, вели дека согласно законските процедури ќе се анализира работата на градоначалникот на Струмица, но не открива детали околу предметот што комисијата го отвори за Зоран Заев.
– ДКСК работи согласно начелата на уставност и законитост и сите граѓани се еднакви во своите права и обврски. Во поглед на јавно објавените информации околу спроведени јавни набавки во општина Струмица ние како Државна комисија отворивме предмет и по него се постапува, вели Сламков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


