| четврток, 6 декември 2018 |

Нема законска пречка за градба на црквата во Октиси

Судот во Струга вчера донесол одлука дека дозволата издадена од  општина Струга за градба на нова црква во селото Октиси е валидна. Одлуката е донесена откако предходно струшкиот градежниот инспекторат на терен ја утврдил фактичката состојба според која градителите ги имале сите потребни документи и дека нема ништо спорно во градбата на црквата.

На барање на струшкиот Градоначалник Села судот ја проверуваше правната основа и валидноста на одлуката за градба која што е издадена од предходниот градоначалник Мерко. Судот утврдил дека нема прекршување на законот и процедурите при издавњето на дозволата.

Со тоа се елиминираат правните пречки за градење од страна на црковниот одбор во ова село но не и  проблемите со дел од локалното муслиманско население кое ја блокираше групата ктитори и верници при обидот да почнат градба на нов верски објект кој треба да се гради на темелите на стара црква.

„Со донесената одлука со која дозволата за градба е валидна не гледам причина за понатамошна блокада за обновата на верски објект за православните жители на Октис“, вели за „Република“ претседателката на Комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска, која апелира да се смират страстите затоа што градба на верски храмови не е непријателски акт кон ниту една друга верска група.

„Треба да ги почитуваме вековните традиции на толеранција и почитување меѓу различните верски заедници и затоа апелирам сите одговорни страни да седнат и на мирен начин да се договорат за во иднина да не се спречува градба на верски објекти какви што во интерес на верниците секојденвно на многу локации се градат во Република Македонија“ изјави Божиновска за „Република“

Летово во селото Октиси чие име  значи „ Земја на 8 цркви“  беше во центарот на вниманието на јавноста откако две групи верници од православна и муслиманска вероиsповест влегоа во вербална расправија која што мораше да ја смирува локалната полиција во Струшко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top