
Над Северна Каролина за малку не експлодираше американска атомска бомба, 260 пати посилна од онаа во Хирошима, се наведува во документите од кои неодамна е симната ознаката доверливо, пишува Гардијан.
Британскиот весник тврди дека документот е во склад со законот за злободно информирање, претставува прв конкретен доказ дека САД во јануари 1961 година биле на раб на голема катастрофа.
Инциндентот се случил кога две хидрогенски бомби „марк 39“ случајно биле фрлени над Голдсбро во Северна Каролина, по што бомбардерот Б-52 се распаднал во воздух. Шпекулациите за овој настан кружеле со години, но американската влада негирала дека биле загрозени животите на Американците поради безбедносни пропусти.
Сепак, според новите наводи, една од двете бомби, се однесувала на ист начин како нуклеарно оружје во воени услови- се отворил падобранот и биле покренати механизмите за активирање. Катаклизмата била спречена од само еден прекинувач со низок напон.
Бомбата можела да ги загрози животите на милиони жители на Вашингтон, Филаделфија, па дури и на Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


