Јас како државјанин на САД, поддржувам одредени американски кандидати поради нивните ставови за некои внатрешни прашања, и тоа нема никакво влијание на посредувањето во спорот меѓу Атина и Скопје, вели медијаторот Метју Нимиц во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.
Нимиц во интервјуто беше прашан за обвинувањата на Мекедонците од Австралија кои неодамна објавија во австралиските весници на македонски јазик дека тој наводно финасирал американски конгресмен од грчко потекло, што преставува своевиден конфликт на интереси, бидејќи ја има улогата на посредник во спорот меѓу Грција и Македонија.
Запрашан дали е можна негова оставка доколу се потврди дека финансирањето конгресмен од грчко потекло на изборите во САД е конфликт на интереси, и што мисли за предлогот за нов медијатор во спорот за името од ЕУ кој би работел заедно со него, Метју Нимиц дециден: „Сега,не сакам да коментирам повеќе, особено во време на Генералното собрание на Обидинетите нации“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.