| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово го победи Рилски

Екипата на Куманово продолжува со добрите игри и резултати. Дури и со отсуството на неколкуте клучни кошаркари како Димчевски, Радуловиќ и Станимировиќ

kumanovo rilski golema

Тренерот Димитријевиќ успева да ја најде победничката формула, па така кумановци вечерва славеа на првиот од двата контролни натпревари против бугарскиот состав Рилски спортист со 84-87.

Откако ја добија првата четвртина со минимални 22-23, кумановци губеа во текот на вториот и третиот период од мечот. Избраниците на Димитријевиќ влегоа во последната четвртина со негатива од седум поени, но одиграа фантастично во финишот од мечот, направија целосен пресврт и сосема заслужено се радуваа на победата.

 

Немања Врањеш со 26 поени беше најзаслужен за овој триумф на кумановци, Иван Мишковиќ беше стрелец на 24 поени. Со добра игра се истакнаа и Мандиќ со 20 и Шарлија со 11 постигнати поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top