| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Кери нов државен секретар на САД

 

john kerry
Американскиот Сенат го потврди сенаторот Џон Кери за  иден државен секретар на Соединетите Држави. Кери ја доби поддршката на Сенатот со 94 гласови за и 3 против. Откако ќе поднесе свечена заклетва, Кери ќе ја замени Хилари Клинтон, која се повлекува по четиригодишниот мандат. Претходно Комитетот за надворешни односи ја одобри неговата номинација. Кери ја предводеше комисијата во изминатите четири години. 69-годишниот Кери е виетнамски ветеран и претседателски кандидат на демократите во 2004 година. Како претседател  Комитетот за надворешни односи во Сенатот, Кери е активен во политиката кон Авганистан и Пакистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top