Кошаркарската репрезентација на Литванија е првиот финалист на Европското првенство во кошарка што се одржува во Словенија.
Тие во првото полуфинале ја совладаа Хрватска со убедливи 15 коша разлика, 77-62. Литванците клучната разлика ја направија во третата четвртина 21-08 што беше пресудно за победникот на мечот. Во текот на првите 20 минути се играше рамноправна кошарка и на одмор се замина со само три поени предност за Литванскиот состав.
Најефикасен во победничкиот состав беше Мачиулис со 23 поени, додека Клеиза постигна дабл-дабл учинок од 22 поени и 11 скока.
Едниствена светла точка кај „коцкестите“ беше Бојан Богдановиќ со 15 поени.
Во второто полуфинале се среќаваат вечните ривали Шпанија и Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



