| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска падна под притисокот, ќе ги избегне санкциите

Hrvatska-pred-EUХрватскиот портал „Индекс“ пренесува дека владата во Загреб предложила измените на контраверзниот „Lex Perkovic“ влезат во сила од први јануари 2014 наместо од 15 јули, како што предлагаа. овој компромис наводно бил прифатен од   еврокомесарката Вивиен Рединг, што значи дека Хрватска ќе ги избегне санкциите.

Истото го тврди и агенцијата Ројтерс, каде се дава дека Загреб попуштил под притисците на Евопската комисија и прифатил д го забрза процесот за усогласување на законот кој се однесува на потерниците.

Така Хрватсска побрзо ќе го измени  „Lex Perkovic“, иако детали се уте не се договорени, но следната недела еврокомесарката Рединг ќе се сретне со хрватскиот министер за правда.

josip-perkovicСлучајот Перковиќ ги крена тензиите уште пред Хрватска официјално да стане членка на ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top