| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата „Света Богородица“ во Струшко

bogorodica-630x392

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 10 до 18 септември арамија провалил во црквата „Света Богородица“ во струшкото село Дренок.

Арамија влегол откако насилно ја отворил главната врата, а потоа украл 2.000 денари и метален позлатен крст, по што избегал.
Полицијата трага по сторителот.

Според полициски податоци во текот на 2012 и првото тримесечие од 2013 година, извршени се 102 кражби на цркви во државата од кои 21 во обид. Покрај парите кои не во големи суми, шишиња масло за јадење украдени се вкупно 144 икони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top