| четврток, 6 декември 2018 |

Уставна борба за поглед на Скопје 2014

ustaven-sud-1

Борба за соба со поглед на „Скопје 2014“ имало во новата зграда на Уставниот суд, која иако е сè уште невселена, премиерот Никола Груевски свечено ја отвори на 8 септември. Меѓу уставните судии избила вистинска кавга околу распределбата на канцелариите во новата зграда во барок стил на плоштадот во Скопје, пишува во утрешниот број на „Вест“.
Според извори на весникот, судиите морале да влечат ждребка оти не можеле да се договорат кој од нив да ги земе канцелариите кои гледаат кон плоштадите „Македонија“ и „Карпошово востание“, а кој да се смести во работна просторија со поглед кон ѕидот на Комерцијална банка.
„Според ждребувањето, најголем ксмет имале уставните судии Исмаил Дарлишта и Сали Мурати. Тие ги лапнале најубавите канцеларии, кои се наоѓаат на четвртиот кат од новата, сè уште невселена зграда на Уставниот суд. Тие гледаат кон споменикот на Александар Македонски на плоштад Македонија, на Камениот мост и на фонтаните на плоштадот Карпошово востание. Таква убава канцеларија, велат во Уставниот суд, има само претседателот Бранко Наумоски но таа се наоѓа на петтиот кат“, пишува Вест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top