Неколку дечиња се настинати откако со денови учениците во втората смена во основното училиште „Цветан Димов“ во скопската општина Чаир немаат греење во училниците.
Според родители кои инсистираат на анонимност во последниве десетина дена училишната управа го исклучува централното греење околу 13.30 минути, по што децата во втората смена до крајот на часовите учат на температури близу нулата.
Во втората смена во ова училиште, кое неодамна незаконски доби ново име и на него е закачена табла со името на албанскиот деец Хасан Приштина, учат деца од сите националности најголем дел се од албанска но заедно со нив учат и деца од македонска, турска, ромска и бошнањчка националност.
Родителите инсистираат дека не се работи за проблем на етничка или национална основа, туку за пропуст во управувањето со училиштето кое едно од најголемите во општина Чаир.
Обидот на родителите да добијат објаснување од директорката завршил неуспешно откако таа одбила да објасни што мисли да стори за одвивањена нормална настава во училиштетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст