Репрезентацијата на Литванија е последниот полуфиналист на Европското првенство во Словенија по победата од 81-77 против Италија. Литванците го поправија киксот од претходниот шампионат, кога во истата фаза од натпреварите во четвртфиналето загибија од Македонија.
Тие ќе играат во полуфиналето против Хрватска, а најзаслужни за успешниот настап вечерва беше бековскиот тандем Калниетис и Сеибутис со по 17 поени. Неизвесноста траеше до последната четвртина, што Литванија ја добис о 24-19 и заслужено оди во битката за медали. На „аѕурите“ не им помогна ниту прекрасната партија на Марио Белинели, НБА кошаркарот на Сан Антонио. Тој беше најефикасен на натпреварот со 22 поени, а сепак Италија ќе мора да разигрува за пласман од петтото до осмото место на шампионатот.
Во второто полуфинале ќе играат актуелниот првак Шпанија против Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


