Лидија Думбалоска, поранешната девојка на ексамбасадорот Перо Стојановски, за австралиската државна телевизија ја раскажа својата верзија на настаните. Случајот „Амбасадор“ и тужбата против Лидија на почетокот на септември беа отфрлени од Врховниот суд. Стојановски кој сега живее во Мелбурн, одбил да даде изјава за емисијата „7:30“. Ова е веризјата на Думбалоска.
Перо и Лидија се запознале пред 20-тина години за време на студентските денови. Подоцна таа заминува во Австралија и гради кариера како инженер и самохрана мајка на, за време на аферата, 12 годишна ќерка.
Откако Стојановски е назначен за амбасадор, тие повторно се среќаваат и започнуваат врска. На крајот на декември 2010-тата, Лидија навратила во домот на Стојановски. Тој не бил таму, па таа со клуч влегла внатре. Седнала на лап-топ и отворила интернет. Нешто не било во ред, па пробала повторно. Токму тогаш во архивата, според неа, пронашла голем број на порнографски содржини.
– Бев шокирана од содржината – вели Лидија, која подоцна на судот ќе му раскаже дека порно материјалите биле навистина перверзни.
И нешто друго во тој компјутер ја шокирало поранешната девојка на амбасадорот.
– Го отворив фолдерот со фотографии и таму имаше веројатно 40-50 фотографии од мојата ќерка, а имаше само една од мене, со него и ќерка ми – вели Лидија додавајќи дека тоа и било многу чудно, во што нејзиниот адвокат подоцна ќе ја поддржи.
Шокирана и збунета Лидија го зела лап-топот. Стојановски веднаш ја контактирал и и рекол да престане да чепка и да ги гледа работите внатре.
По неколку дена на вратата на Лидија се појавила полиција. Таа претпоставувала дека ќе го испитуваат амбасадорот, но тие ја обвиниле за кражба, провалување и уцена. Таа им рекла дека ќе им објасни се, дека нема ништо контрадикторно и да го земат компјутерот.
– Земете го компјутерот, не ми треба, не го сакам, се што сакав беше да ја дознаам вистината – и тврдела Лидија на полицијата.
Нараторот ја продолжува приказната – следно што направил тогашниот амбасадор било што кажал во полицијата дека неговиот украден компјутер содржи чувствителни информации поврзани со неговата работа во македонската амбасада. Информациите во компјутерот ги означил како „тајни државни информации“ и додал дека комјутерот содржи разговори помеѓу него и македонскиот премиер.
Тој во полицискиот извештај навел дека Лидија Думбаловска бара 200 илјади долари за враќањето на неговиот компјутер. Лидија на прашањето дали во било кој момент го уценувала, категорично вели: Не!
– Немаше ништо за што би можела да го уценувам. Немаше владини информации или нешто слично – му раскажува на австралискиот новинар Лидија.
Тригодишниот судски процес адвокатот на Лидија го започнал офанзивно. Собирал докази кои би го разнишале кредибилитетот на амбасадорот. Многу од тоа воопшто не ни морал да употреби, бидејќи Врховниот суд пресекол и ги отфрлил тужбите против Думбаловска.
Меѓу тие неупотребени докази била и наводната средба на амбасадорот со тројца бизнисмени, на кои со солзи во очите им кажал дека има рак на простатата и дека итно мора да се оперира во Франција. Како што раскажува за „АБЦ“ еден од бизнисмните тој им побарал 20 илјади долари, а ги фатил на емотивна „жичка“. Бизнисменот Џон Николовски вели дека тој и останатите присутни на состанокот веќе имале изгубено некој близок во борбата со рак против простата.
За заемот постои и документ. Подоцна дознале дека наводно, Стојановски не бил во Франција туку во Македонија и дека воопшто не бил болен.
Приказната за Лидија на австралиската телевизија завршува со тоа колку неа сега и е полесно на душата и конечно мирна може да биде и нејзината ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


