Во Генералштабот на АРМ се одржа средба со естрадни уметници и претставници на институции кои настапуваа и го помогнаа концертот по повод Денот на АРМ кој се одржа на 16-ти август 2013 година на плоштадот Македонија во Скопје.
За таа прилика Началникот на Генералштабот на АРМ им додели „Бронзена значка на Амијата за партнерство, координација и соработка“ на: Есма Реџепова-Теодосиевска, Блага Петреска, Мустафа Имери, Драган Мијалковски, Универзална сала, ДЈ Никифор, Телевизија Сител, Антена 5 Радио и Детскиот Културен Центар „Карпош“ од Скопје.
На свеченоста во името на Началникот на ГШ и припадниците на АРМ, благодарност до присутните упати Заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини кој истакна дека несебичното помагање на АРМ нема да биде заборавено, а дека со естрадните уметници помогнаа Армијата да биде поблиску до граѓаните. Генералот Сејдини, нагласи дека ова е одличен пример на соработка со цивилните структури и дека таа ќе продолжи и во иднина.
При врачувањето на значките и сертификатите, со пригодни зборови сите гости изразија благодарност до АРМ, искажувајќи ја нивната подготвеност за понатамошна соработка и учество во заеднички проекти со Армијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


