| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија ја декласира Србија, за пласман на Светско првенство

Словенија брзо го птреброде неуспехот против Франција и во битката за директен пласман на следното Светско првенство ја декласира Србија со 92-74. Домаќините од почетокот ја контролираа играта, набрзина уште по првиот период направија двоцифрена разлика и рутински ги победија талентираните „орли“ од Србија.

Со денешната победа домаќините се сигурни патници на СП, а за Србија останува уште една шанса за да се освои посакуваното седмо место што води на следниот планетарн кошаркарски собир.

Тандемот браќа Драгиќ, Зоран и Горан беа нерешлива енигма за српските кошаркари и со вкупно 38 поени заедно, беа лидери кај Словенците. Расположен за игра беше и Блажиќ со 15 поени. Кај поразената селекција Ненад Крстиќ беше најефикасен со 16 поени, 4 повеќе од Гагиќ и 5 поени плус во однос на Богдановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top