Компанијата “Ева Стаил” ДООЕЛ увоз – извоз од Струмица, во сопственост на Славица Заева, сопруга на Вице Заев, брат на Зоран Заев на ден 21.03.2011 година склучува договор за јавна набавка со Средното Општинско Училиште “Димитар Влахов” во вредност од 65.320 денари наменети за изработка на училишни униформи- соопшти Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Тој му порача на Заев, наместо да ги испраќате партиските гласноговорници да се обидуваат да го покријат срамот со лажни информации и злонамерни манипулации, време е да прифати и да признае дека непотизмот и судирот на интереси се класичен начин на владеење.
-Директорите на општинските институции ги назначува градоначалникот, а фирмите кои до сега се споменати во јавноста, без исклучок, вклучително и нивните сопственици, очигледно меѓу себе се поврзани во еден систем на непотизам, бизнис интерес и сосопственички односи- додава Димовски.
ВМРО – ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да излезе и конечно да даде логичен одговор на граѓаните на Република Македонија, колку пари досега Општина Струмица и нејзините институции доделиле и префрлиле на сметките од фирмите на неговото потесно семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


