| четврток, 6 декември 2018 |

Босанците земале пари на заем за да играат на ЕП во Словенија

Харун Махмутовиќ, генералниот секретар на Кошаркарскиот сојуз на БиХ откри дека позајмувале пари од играчи и пријатели за да ги покријат трошоците за учество на ЕП во Словенија

bosna-repka-kosarka1

Селекцијата на БиХ беше единствената селекција која со три победи на ЕП во Словенија не успеа да се пласира во понатамошното натпреварување. Оваа селекција беше на чекор до втората фаза, а тоа за нив е рамно на златен медал.

Барем така пишуваат тамошните медиуми, кои велат дека со оглед на финансиската ситуација во која се наоѓа нивниот Кошаркарски сојуз ова е голем успех.

Имено, генералниот секретар Харун Махмутовиќ за агенцијата „Анадолија“ откри дека позајмувале пари од пријатели за да ги покријат трошоците за ЕП во Словенија. Покрај тоа, 20.000 конвертибилни марки или 10.000 евра позајмиле од нивниот репрезентативец Нихат Ѓедовиќ.

-Не позајмивме само од Ѓедовиќ, туку и од уште неколку пријатели и сето тоа го направивме за да ги покриеме трошоците за Евробаскетот во Словенија. Моравме да го сториме тоа бидејќи од државата БиХ, односно од Советот на министри за настапот во Словенија добивме една голема нула, вели секретарот на Кошаркарскиот сојуз на БиХ, Харун Махмутовиќ.

Топ тема деновиве во тамошните медиуми е најавеното заминување на селекторот Александар Петровиќ кој стана миленик на навивачите. Сепак, поради лошата финансиска состојба се чини дека нема да можат да го задржат.

-Човекот две години работи без плата. Пред една година со одлуката на УО на КС на БиХ доделени му се 30.000 конвертибилни марки (15.000 евра) како награда за тоа што успеа да ја однесе селекцијата на ЕП. Тоа е се што доби за неговата работа како селектор, вели Махмутовиќ.

Тој иронично вели дека од новиот селектор кој ќе ја предводи БиХ ќе бараат спонзорство од 100.000 или 200.000 евра доколу сака да седи на клупата на оваа репрезентација и плус да им донесе златен медал од едно големо натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top