| четврток, 6 декември 2018 |

Баросо „влетува“ меѓу Загреб и Брисел

josip-perkovicПретседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, се вклучи во решавање на проблемот на Комисијата со Хрватска, за да нема санкции кон Загреб. Тој синоќа разговарал со премиерот Зоран Милановиќ и се договориле да се продолжи со барањето на секоја можна опција за изнаоѓање на решение за проблемот кој постои.
Според кабинетот на Баросо, важно е дека, откако Комисијата ја покрена процедурата за активација на членот 39 од пристапниот договор со кој што предвидува санкции за Хрватска, за спроведување на европските закони, продолжуваме да разговараме со Хрватска за да најдеме решение во наредните денови.
Како што е познато, вчера Комисијата на иницијатива на потпретседателката задолжена за правосудство, Вивиен Рединг, покрена иницијатива за воведување на санкции на Хрватска, поради одбивањето на Загреб да го испорача поранешиот шеф на УДБ-а, Јосип Перковиќ на Германија каде е обвинет за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top