| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: УЈП да ја провери имотната состојба на функционерите од власта

gruevski sobranie top gruevski sobranieПремирот Никола Груевски верува дека УЈП брзо ќе реагира, ќе ја заврши работата и ќе ги објави резултатите, бидејќи, како што рече, се работи за јавен повик од пратеник, со што одговори на прашањето од Оливер Спасовски од СДСМ во Собранието дали УЈП ќе го испита потеклото на имотот и на министри и членови од ВМРО-ДПМНЕ како што се бара од Заев.

– Го разбирам напорот на пратеникот Спасовски во оваа ситуација и во време кога претседателот на партијата каде што тој е генерален секретар е соочен со некои  работи кои не му се баш многу пријатни, па сега се обидуваат да ја сменат темата или да набедат некој друг за нешто друго. Како и да е нема никаков проблем УЈП да изврши проверка на имотната состојба, односно на потеклото на имотот на функционери од власта. Јас би ги повикал УЈП нека си ја завршат таа проверка и нека ја објават, нагласи Груевски.

Нема никакво сомнение. истакна премиерот, дека ако некој  нешто направил спротивно на закон тоа треба да се процесуира во органите кои се задолжени за тоа  во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top