| четврток, 6 декември 2018 |

Општински проект: Фотографирај и реагирај

diva deponija

Општините Богданци, Центар и Виница се пилот општини кои во наредните шест месеци ќе го имплементираат проектот Фотографирај и реагирај.

Проектот е со поддршка на УСАИД а го имплементира Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија.

Преку овој проект, предвидено е граѓаните во наредниот период да пријавуваат проблеми поврзани со животната средина на бесплатниот сервис.

Сервисот се состои од компонентите мобилна телефонија,веб страница и бесплатна телефонска линија, а негова цел е да има што поголем број пријавени проблеми од граѓаните и што повеќе решени проблеми од надлежните за животна средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top