Швеѓаните слободно ќе можат да се самозадоволуваат на сред улица, освен ако мастурбацијата не е насочена ко некого. Со една одлука на судот во шведскиот округ Содерторн, неодамна еден постар човек беше ослободен од обвинението за сексуален напад, бидејќи не му мислел на никого лошо.
Имено, во случајот на 65-годишниот Швеѓанец, кој на плажата Древикен беше фатен среде дело со спуштени панталони во јуни, поради што беше обвинет за сексуален напад, пресудено беше дека, иако мастурбирал во јавност, неговиот чин не бил насочен кон никого, што е доволно за да се ослободи од споменатото обвинение.
– Поради таа пресуда може да заклучиме дека е ОК да се мастурбира на плажа, иако тоа би можело да се смета за нарушување на јавниот ред и мир – изјави јавниот обвинител Олоф Вретхамар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


